Интер обезбеди пласман во финалето на Купот на Италија по драматична победа од 3:2 против Комо на „Џузепе Меаца“.
Гостите, предводени од Сеск Фабрегас, одиграа смело и без респект кон фаворитот, па уште во првото полувреме стигнаа до водство. Во 32. минута Мартин Батурина погоди по асистенција на Ван дер Бремпт, носејќи шок за домашната публика.
Интер се обиде да одговори преку Маркус Турам, но на пауза се замина со предност на Комо. Само што започна второто полувреме, следеше нов удар за „нероаѕурите“ — Лукас да Куња зголеми на 0-2 по брза акција и прецизна завршница.
Тренерот на Интер реагираше со измени кои целосно го сменија текот на мечот. Влегувањето на Петар Сучиќ внесе свежина, а токму тој учествуваше во акцијата за намалување на резултатот, кога Хакан Чалханоглу погоди за 1-2 во 69. минута.
Интер потоа целосно ја презеде иницијативата и во завршницата направи целосен пресврт. Во 86. минута Чалханоглу израмни на 2-2, повторно по одлична асистенција на Сучиќ.
Кулминацијата дојде само три минути подоцна кога Петар Сучиќ со прецизен удар го комплетираше пресвртот и го донесе Интер до конечни 3-2 и финале.
Во последните моменти, голманот Јан Зомер со неколку клучни интервенции ја зачува победата.
Интер во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Аталанта и Лацио.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













