Интер е на чекор до ангажман на нов голман. Според информациите од Италија, „нероаѕурите“ веќе постигнале договор за личните услови со чуварот на мрежата на Лацио, Иван Проведел, а останува уште двата клуба да ја договорат висината на обештетувањето.
Миланскиот гигант е во потрага по засилување меѓу стативите по најавеното заминување на искусниот Јан Зомер, чиј договор истекува кон крајот на месецот. Во претходниот период се шпекулираше дека Интер ќе бара нов прв голман, а меѓу посакуваните имиња се споменуваше и италијанскиот репрезентативец Гиљелмо Викарио од Тотенхем.
Сепак, во клубот сè повеќе се наклонети кон идејата довербата да му ја укажат на Хосеп Мартинез како прв избор, додека Проведел би ја засилил конкуренцијата како искусна алтернатива. Голманот на Лацио е особено интересен за Интер бидејќи влегува во последната година од договорот со римскиот клуб.
Триесет и двегодишниот Проведел зад себе има богато искуство во Серија А, а во минатото беше прогласен и за најдобар голман во италијанскиот шампионат. Поради договорната ситуација, се очекува Лацио да биде подготвен да го продаде за сума од околу пет милиони евра.
Италијанските медиуми откриваат дека претставниците на Интер и Проведел веќе се договориле за тригодишна соработка. Голманот би заработувал помалку од 1,5 милиони евра по сезона, а сега следуваат преговорите меѓу двата клуба за финализирање на трансферот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













