Раководството на Интер покажува засилен интерес за турскиот играч од средниот ред, Арда Гулер, кој моментално настапува за Реал Мадрид. Според информации од италијанските медиуми, „нероаѕурите“ веќе оствариле првични разговори со агентите на Гулер во врска со можен трансфер ова лето.
Фудбалерот не е задоволен од ограничената минутажа во шпанскиот клуб и размислува за промена на средината.
Во исто време, Реал Мадрид размислува да го врати аргентинскиот талент Нико Паз, кој моментално игра за италијанскиот Комо. Паз импресионира со своите настапи во Серија А, постигнувајќи шест голови и четири асистенции во 24 натпревари. „Кралскиот клуб“ има опција да го врати за сума од 8 милиони евра и сериозно размислува да ја активира оваа клаузула.
Интересно е што Интер првично покажувал интерес за Нико Паз, но сега го насочува вниманието кон Арда Гулер, што може да го олесни враќањето на Нико Паз во Реал Мадрид.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













