Интер има сериозен интерес за десниот бек на Тотенхем, Џед Спенс, пренесуваат италијанските медиуми.
„Нероаѕурите“ во моментов бараат решение за десната страна, откако стана јасно дека тешко ќе можат да постигнат договор со Ал-Итихад за Муса Дијаби. Поради тоа, Интер го разгледува Спенс како една од главните алтернативи.
Според информациите од Италија, Тотенхем за својот фудбалер бара 30 милиони евра плус дополнителни пет милиони во бонуси. Сепак, Интер се надева дека во следните недели ќе успее да ја намали сумата и да постигне поповолен договор.
Како уште една опција се споменува Николас Гонзалес од Јувентус, но Аргентинецот засега е во втор план.
Во меѓувреме, Рома покажува интерес за фудбалерот на Интер, Луис Енрике. Миланскиот клуб го проценува Бразилецот на 30 милиони евра, а евентуалната продажба би можела да му отвори простор на Интер за дополнителни засилувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













