Connect with us

Интер останува без Лаутаро Мартинез, капитенот го пропушта и дербито со Милан

Лаутаро Мартинез го очекува подолга пауза поради повреда на задната ложа на левата нога, потврди Интер. Според информациите од Италија, аргентинскиот напаѓач би можел да се врати во тимот дури по ноемвриската пауза за репрезентативните обврски.

Капитенот на „нероаѕурите“ се повреди во период кога беше во добра голгетерска форма. На последниот натпревар, против Клуб Бриж во Лигата на шампионите, двапати ја затресе мрежата, но тоа не беше доволно за позитивен резултат, бидејќи Интер загуби со 3-4 на домашен терен.

Доколку прогнозите за неговото закрепнување се остварат, Мартинез ќе пропушти седум натпревари. Најголем удар за тимот е неговото отсуство од градското дерби со Милан на 31 октомври, а нема да биде на располагање ниту за дуелите со Болоња, Шахтјор Доњецк, Фиорентина, Венеција, Феенорд и Комо.

Интер така останува без еден од своите најважни фудбалери во клучен дел од сезоната. Мартинез досега има шест гола и една асистенција на седум настапи, а неговото отсуство ќе биде сериозен предизвик за офанзивната линија на италијанскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови