Connect with us

Интер не дозволи изнeнадување против Болоња и повторно е лидер во Италија (ВИДЕО)

Интер не дозволи изненадување на „Џузепе Меаца“ и со убедлива победа од 3-1 над Болоња ја врати својата доминација во италијанскиот фудбал. Тимот на Кристијан Киву се реваншираше за поразот во Суперкупот и со 39 бодови се врати на првата позиција на табелата.

Првиот погодок дојде во 39. минута, кога Пјотр Зиелински ја круниса одличната комбинација на Турам и на Лаутаро Мартинез и го отвори резултатот – 1:0. Почетокот на второто полувреме донесе нов шок за гостите – Лаутаро Мартинез со глава по корнер од Чалханоглу зголеми на 2-0.

Маркус Турам во 74. минута стави крај на било какви дилеми. По одличен центаршут на Димарко, со прецизен удар со рамо ја зголеми предноста на Интер на 300.
Болоња успеа само да ублажи преку Сантјаго Кастро во 83. минута.

Со овој триумф, Интер повторно се врати на врвот на Серија А, додека Болоња останува на седмата позиција со 26 поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови