Connect with us

Интер на лето ќе прави целосна реконструкција на тимот

Интер ќе прави комплетна реконструкција во летниот преоден рок, пишува „Газета дело Спорт“. Очекувањата се дека клубот ќе се раздели со поголем број играчи.


На дел од играчите во тимот им истекува договорот. Добро е познато дека Милан Шкриниар веќе се договорил со Пари Сен Жермен, а останатите кои ќе си заминат како слободни агенти се капитенот Самир Хандановиќ, Роберто Галјардини и Данило Д’Амброзио. Договорот на Стефан де Фрај исто така завршува, но раководството преговара со дефанзивецот за негово продолжување.

Гигантот од Милано ќе бара и продажба на фрустрираните Хоакин Кореа и Дензел Дамфрис, кој е трансферна цел на неколку клубови од Премиер – лигата. Позајмените Ромелу Лукаку и Франческо Ачерби можеби нема да останат на „Џузепе Меаца“ и со тоа ќе се вратат во Челси, односно во Лацио.

Дури и тренерот Симоне Инзаги е под знак прашалник за неговиот престој, а се зависи од тоа Интер ќе заврши меѓу првите четири екипи на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови