Торонто и Интер Мајами ремизираа 1-1 во натпревар од регуларниот дел на сезоната во МЛС лигата.
Со освоениот бод „чаплите“ се доближија на само четири бода од лидерот во Источната конференција, Филаделфија Унион. Сепак, и покрај тоа што тимот на Дејвид Бекам има натпревар помалку, веќе е јасно дека нема шанси да ја освои конференцијата во регуларниот дел, па ќе мора да се надева на кикс на лидерот. Торонто, пак, останува на 12. позиција и заостанува цели 17 бодови зад зоната која носи пласман во плејофот.
Гостите поведоа во судиското продолжение на првото полувреме преку Тадео Аленде, додека домаќините израмнија во 60. минута со погодок на Џорџе Михајловиќ.
Во 83. минута Лионел Меси имаше голема шанса да донесе победа за Мајами со прекрасно изведен слободен удар, но голманот на Торонто со блескава интервенција ја спречи топката да заврши во мрежата.
Интер Мајами веќе обезбеди место во плејофот и до крајот на регуларниот дел ќе се обиде да извлече максимум бодови за да ја подобри својата позиција и да добие посоодветен противник во првата елиминациска рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













