Connect with us

Интер Мајами го доведе Серхио Регилон

Интер Мајами официјално го ангажираше шпанскиот дефанзивец Серхио Регилон. Левиот бек потпиша договор до крајот на 2027 година, со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона доколку се исполнат одредени услови. Екипата, која пред само десетина дена ја освои титулата во МЛС – лигата, не губеше време и брзо обезбеди квалитетна замена за Жорди Алба, кој ја заврши својата фудбалска кариера.

28-годишниот Регилон пристигнува во Интер Мајами по богата кариера во која настапуваше за клубови како Реал Мадрид, Севилја, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Брентфорд. Тој има и шест настапи за репрезентацијата на Шпанија.

„Ова е многу амбициозен проект, клуб кој работи на вистински начин и победува. Токму тоа ме привлече. Целта на моето доаѓање тука е да продолжам да се борам и да освојувам трофеи, да се натпреварувам за пехарите што му недостигаат на клубот и да освојам сè што е можно“, изјави Регилон за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови