Интер веќе води конкретни разговори со Ливерпул за трансфер на Федерико Киеза во јануарскиот преоден рок. Италијанскиот фудбалер доби само две минути под водство на новиот менаџер Андони Ираола, кој веќе располага со неколку квалитетни крилни напаѓачи, меѓу кои Брадли Баркола, Коди Гакпо, Рио Нгумоа и Виктор Муњоз. На крилните позиции може да игра и младиот Луис Кумас, кој добива значителна минутажа кај шпанскиот стратег. Поради тоа, Ираола нема ништо против заминувањето на Киеза, кој не е дел од неговите планови.
Италијанецот не успеа да се наметне како важен играч на „Енфилд“ по трансферот во летото 2024 година. Поранешниот фудбалер на Јувентус сака да се врати во Серија А, а интерес за неговите услуги покажуваат Интер, Милан, Рома, Аталанта и Лацио. Сепак, италијанскиот шампион е најконкретен во намерата да го ангажира и веќе остварил разговори со претставниците на Ливерпул.
Според информациите, клубот од „Енфилд“ за неговата слобода бара околу 15 милиони евра. Главната пречка за италијанските клубови е високата плата на Киеза, кој во моментов заработува околу седум милиони евра по сезона.
Интер минатото лето го ангажираше и Кертис Џонс од Ливерпул, па двата клуба веќе имаат воспоставено активна соработка на трансфер-пазарот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













