Интер прикажа моќна игра на гостувањето кај Сасуоло и убедливо славеше со 0-5 во натпревар од 24. коло на италијанската Серија А. Избраниците на Кристијан Киву ја забележаа петтата последовна првенствена победа и потврдија дека сигурните настапи против екипите од долниот дел од табелата се клуч за успешна борба за титулата.
Со новата победа, Интер ја зголеми предноста на врвот, со 58 освоени бодови.
Градскиот ривал, Милан, заостанува осум бода и има натпревар помалку, додека Сасуоло останува на 11. позиција со 29 бода.
Натпреварот започна со шанса за домаќините – Коне упати удар кој веќе го гледаше голот, но Федерико Димарко со одлична интервенција го спречи погодокот. Тоа моментално „ги разбуди“ гостите од Милано. Во 11. минута, Димарко прецизно нафрли од корнер, а Бисек со удар со глава од непосредна близина го отвори резултатот, 0-1.
Во 28. минута Интер ја удвои предноста по брза контра. Димарко повторно асистираше, овојпат од левата страна, а Маркус Турам ја смести топката во мрежата за 0-2 на полувреме.
Второто полувреме донесе уште поофанзивен Интер. Само пет минути по почетокот, Лаутаро Мартинез мајсторски го зголеми водството на 0-3, а четири минути подоцна Аканџи ја смести топката во мрежата по ново нафрлување од Димарко, 0-4.
За Сасуоло ситуацијата дополнително се влоши кога Немања Матиќ доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
Во самиот финиш, во 89. минута, Луис Енрике со прецизен удар од околу 15 метри ја постави конечната „петарда“, 0-5 за Интер, кој продолжува да диктира темпо во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













