Италијанскиот првак Интер сака да го донесе Жорди Алба и знае дека за стартерот на Барселона треба да да понуди некој од своите истакнати играчи за реализација на тој план. Еден од нив е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, открива „Мундо Депортиво“.
Според шпанскиот медиум, Интер има проблеми со продолжување на договорите на некои играчи и би можел да ги понуди на Барселона пред да дојде до точка каде што може да остане без нив и без обештетување при нивното заминување. Освен Брозовиќ, такви се и Милан Шкриниар и Лаутаро Мартинез.
Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска откако извиси за ангажманот на Џорџинио Вајналдум, кој во последен момент се реши за трансфер во ПСЖ.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













