Connect with us

Интер го договори трансферот на Емилијано Мартинез

Интер е на чекор до ангажман на нов голман, откако во начело постигна договор за трансферот на Емилијано Мартинез од Астон Вила, пренесувaат италијанските медиуми. „Нероаѕурите“ активно ја бараат идеалната замена за Јан Зомер, кој се очекува да го напушти клубот, а изборот паднал токму на аргентинскиот репрезентативец.

Мартинез, кој има 33 години, важи за еден од најдобрите голмани во Премиер – лигата во последните сезони и е познат по својата стабилност, лидерство и одлични реакции меѓу стативите. Во актуелната сезона тој настапи на 21 натпревар за Астон Вила, при што повторно покажа зошто е еден од клучните играчи во составот на англискиот клуб.

Раководството на Интер верува дека неговото искуство, како и настапите на највисоко ниво со аргентинската репрезентација, ќе бидат голем плус за тимот во амбициите за освојување трофеи и успешни настапи во домашните и европските натпреварувања. Доколку трансферот биде комплетиран, Мартинез би требало да стане прва опција на голот на Интер во наредната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови