Connect with us

Интер го бара Хари Мегваер на позајмица како замена за Милан Шкриниар

Раководството на Интер достави изненадувачка понуда до Манчестер Јунајтед за можноста да го привлече капитенот на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер на позајмица. Миланскиот клуб бара централен дефанзивец кој евентуално ќе го замени Милан Шкриниар.


Словакот призна дека веќе потпишал преддоговор со Пари Сен Жермен, а парижаните се обидуваат да постигнат договор со Интер за да го реализираат трансферот до крајот на јануари.

Подготвени се да платат 15 милиони евра, а Интер бара 20.

„Нероаѕурите“ всушност прво се обидоа да го ангажираат соиграчот на англискиот репрезентативец во Јунајтед, Виктор Линделоф. Но, Ерик тен Хаг одби да го пушти Швеѓанецот да си замине од „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови