Интер е подготвен да го доведе 18-годишниот Робињо Жуниор од Сантос, јавува „УОЛ Еспорте“. Тој е син на некогашната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, Робињо.
Според информациите, „нероаѕурите“ сè уште не испратиле официјална понуда до клубот на Нејмар, но за неговиот соиграч имаат предвидено околу 22 милиони евра, од кои фиксната сума е 18 милиони.
Робињо Жуниор дури ја посетил и клупската база на Интер за време на божиќните празници, кога патувал во Италија. Засега талентираниот Бразилец не брза да го напушти својот матичен клуб, но можно е трансферот да се реализира во летниот преоден рок.
Тинејџерот може да игра на различни позиции во нападот, но најчесто е користен како лево крило. До сега има 15 натпревари за првиот тим на Сантос со само една асистенција, и во речиси сите дуели влегувал како резервен играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













