Интер би можел да биде сериозно ослабен за големото дерби против Рома, откако Хакан Чалханоглу е под знак прашалник за натпреварот од петтото коло во Серија А.
Турскиот репрезентативец заработил повреда на мускулот, поради која не може нормално да тренира со екипата во пресрет на дербито. Интер официјално потврди дека Чалханоглу има проблем и неговиот настап на „Олимпико“ е неизвесен.
Искусниот играч за врска веќе го пропушти вчерашниот дуел против Удинезе, а дополнителните медицински прегледи треба да покажат дали ќе биде подготвен за саботниот натпревар.
Неговото евентуално отсуство би било сериозен удар за тимот на Кристијан Киву. Иако тренерот на Интер располага со квалитетни алтернативи, Чалханоглу е еден од клучните играчи во средниот ред на шампионот.
Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот што Рома и Интер по четири кола имаат максимален учинок. Дербито на „Олимпико“ затоа може да има директно влијание врз врвот на табелата.
Во прилог на неизвесноста оди и традицијата – последните меѓусебни пресметки на „Олимпико“ најчесто не донесоа голем број голови, па секој детал би можел да биде одлучувачки во битката за трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













