Поранешниот италијански интернационалец Лоренцо Инсиње, кој неодамна го заврши својот ангажман во Торонто, може да се врати во Италија во текот на зимскиот трансферен период.
Според најновите извори, Лацио му понудил краткорочен договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување уште една година, а тој би можел да ја прифати понудата, делумно и поради шансата повторно да работи со тренерот Маурицио Сари.
Инсиње најмногу заблеска токму под водство на Сари, особено во сезоната 2016/2017, кога постигна 20 голови и запиша 11 асистенции, што беше најуспешниот период од неговата кариера.
Претходно, Инсиње во Италија го помина поголемиот дел од кариерата со Наполи, вкупно осум сезони, пред летото 2022 година да замине за Торонто. Таму, оваа сезона му е најтешка, со само еден гол на 12 настапи, што ја прави можноста за враќање во Италија дополнително примамлива.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













