Connect with us

Инсиње потпишува за Лацио

Лоренцо Инсиње пристигна во Рим, а неговиот долгоочекуван трансфер во Лацио е на чекор до финализирање. Поранешниот капитен на Наполи беше виден во италијанската престолнина, со што се потврдија повеќемесечните шпекулации за неговото враќање во Серија А и повторното соединување со тренерот Маурицио Сари, пишуваат италијанските медиуми.

Инсиње се врати во Италија минатото лето по тригодишната авантура во Торонто. Иако имаше и други понуди, приоритет му беше повторно да соработува со Сари, кој го смета за „како син“, а Инсиње беше подготвен да направи шестмесечна пауза поради него.

Лацио летоска беше под забрана за трансфери, поради што потпишувањето на искусниот крилен напаѓач не беше можно. Клубот неодамна доби зелено светло за активности во јануарскиот преоден рок, со што беа отстранети сите пречки за доаѓањето на 34-годишниот напаѓач, кој претходно веќе постигна договор со Лацио.

Според пишувањата на „Il Messaggero“, Инсине пристигна во Рим крајот на минатата недела за да се подготви за официјалното потпишување на договорот. Ветеранoт беше забележан во еден ресторан каде се фотографираше со младите навивачи на Лацио, а на заминување им порача: „Се гледаме наскоро“.

До крајот на сезоната ќе заработи околу 1,2 милиони евра, а договорот ќе вклучува и опција за продолжување на соработката за уште една година.

Инсиње главно ќе делува како замена за Матија Закани на левото крило, позиција која се покажа проблематична кога Педро мораше да го замени капитенот за време на суспензија. Се очекува поранешната ѕвезда на Наполи повторно да го носи дресот со број „24“, кој традиционално го избира во чест на роденденот на својата сопруга.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови