Барселона доживеа голем удар во пресрет на новата сезона, откако еден од клучните дефанзивци Ињиго Мартинез неочекувано се пресели во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Искусниот шпански стопер ја прифати понудата од Блискиот Исток и заминува како слободен агент, иако имаше важечки договор со каталонскиот клуб до 2026 година.
Она што е особено шокантно за каталонскиот гигант е тоа што трансферот се случи без претходна најава, а Барселона нема да инкасира никаква отштета за неговите услуги. Овој потег создава сериозни проблеми за тренерот Ханси Флик, кој сега ќе мора итно да реагира на трансфер пазарот и да најде соодветна замена.
Мартинез минатата сезона формираше одличен тандем со младиот Пау Кубарси, а нивната стабилност во задната линија беше клучна за тоа Барса да ја освои титулата во Ла Лига. Со неговото заминување, на Флик сега му остануваат Кубарси, Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија како опции за централната дефанзивна линија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













