Connect with us

Инфантино: Ова е лудо, добивме 150 милиони барања за билети за СП 2026

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги оправда високите цени на билетите за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, објаснувајќи дека тоа е поради огромниот интерес на навивачите. Според него, веќе се побарани над 150 милиони билети, и покрај незадоволството на фановите од високите цени.

Како одговор на поплаките, ФИФА воведе ценовна категорија од 60 долари, со цел натпреварите да бидат подостапни за фановите на квалификуваните репрезентации.

„Имаме 6-7 милиони билети во продажба… само за 15 дена добивме над 150 милиони барања. Тоа значи по 10 милиони барања дневно. Ова покажува колку значајно е Светското првенство“, изјави Инфантино за време на Светскиот спортски самит во Дубаи.

„Во речиси 100-годишната историја на Светските првенства се продадени вкупно 44 милиони билети. Значи, за две недели можевме да ја пополниме продажбата за Светски првенства за 300 години. Замислете го тоа – апсолутна лудост“, додаде тој.

Најмногу барања за билети доаѓаат од навивачите на еден од домаќините, САД, а веднаш по нив се германските и британските фанови.

„Најважно е дека приходите што се собрани ќе бидат инвестирани во фудбалот низ целиот свет. Без ФИФА, фудбалот нема да постоеше во над 150 земји. Благодарение на приходите од Светското првенство можеме да го развиваме фудбалот глобално“, додаде Инфантино.

Мундијалот 2026 започнува на 11 јуни со отворањето меѓу Мексико и Јужна Африка и ќе трае до 19 јули. Ова издание е историско, бидејќи првпат ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо досегашните 32.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови