Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од контроверзниот план за продажба на дел од комерцијалните права на натпреварувањата под капата на светската фудбалска организација, откако се соочи со силен отпор од континенталните конфедерации и голем број национални федерации.
Предлогот предвидуваше продажба на 20 проценти од комерцијалните права на сите натпреварувања на ФИФА, вклучувајќи го и Светското првенство, за 4,2 милијарди долари. Според планот, сите 211 национални федерации до 2038 година требаше да добијат по 86 милиони долари, додека преостанатите средства ќе завршеа кај инвеститорите и останатите вклучени страни.
Оваа иницијатива предизвика бурни реакции во светскиот фудбал, особено поради стравувањата дека приватен капитал би добил значително влијание врз највредните натпреварувања на ФИФА. Странските медиуми објавија дека зад потенцијалниот инвеститор стоела компанија поврзана со бизнисмен близок до американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително ја зголеми контроверзноста околу целиот проект.
Под силниот притисок, Инфантино беше принуден да ја повлече иницијативата.
„Проектот беше замислен како основа за дополнително зајакнување на нашите членки и за развој на фудбалот ширум светот, особено во земјите на кои им е најпотребна поддршка. Од самиот почеток нагласувавме дека ќе биде реализиран само доколку добие поддршка од мнозинството членки на ФИФА и по задолжителни консултации со Советот на ФИФА, конфедерациите и сите релевантни чинители. Откако внимателно ги сослушавме сите ставови, стана јасно дека проектот создаде поделби кои повеќе не се во согласност со целта поради која беше покренат. Нашата намера отсекогаш била – и ќе остане – да го обединуваме и унапредуваме фудбалот. Затоа се откажуваме од овој предлог“, стои во соопштението на Инфантино.
Тој најави дека во наредниот период ќе ги собере сите засегнати страни за да се разговара за нови модели за развој на светскиот фудбал.
„Во следните денови и недели ќе ги соберам сите заинтересирани страни во духот на заедничкиот интерес за нашата игра, за да продолжиме да го развиваме фудбалот ширум светот, особено во земјите на кои им е најпотребна нашата поддршка“, порача првиот човек на ФИФА.
Повлекувањето на предлогот се смета за еден од најголемите политички порази на Инфантино откако е на чело на ФИФА. Дел од светските медиуми веќе шпекулираат дека овој неуспех би можел сериозно да ги намали неговите шанси за освојување нов претседателски мандат на изборите што ќе се одржат следната година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













