Македонската фудбалска јавност денеска е завиена во црно по веста за смртта на Васил Рингов, едно од најголемите имиња што ги дал нашиот фудбал низ историјата.
Рингов беше истакнат македонски и поранешен југословенски репрезентативец, а најдлабок белег во клупската кариера го остави носејќи го дресот на Вардар. Во текот на својата богата фудбалска патека настапуваше и за белградски Партизан, Динамо Загреб, германски Ајнтрахт Брауншвајг, како и за Тетекс и Беласица, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Во редовите на Вардар запиша над 200 официјални настапи и постигна 93 погодоци, бројки што го вбројуваат меѓу легендите на клубот.
Васил Рингов почина по кратко боледување, на 70-годишна возраст.
„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.
Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.
Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.
Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.
Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.
Почивај во мир, драг наш Васе 🖤“, објавија од Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













