Connect with us

(ИН)ДИРЕКТ: Кога пурата многу пуфка, треба да се одземе и да се набие во…шеширот!

Вардар е нов шампион, на коло пред крајот успеа да ја освои титулата со триумфот против Струга Трим Лум и воздивна затоа што утрешното дерби против Шкендија се претвори во шампионска прослава, наместо во жестока битка за трофејот. Не дочекаа ниту половина час вардарци за да „из*бат“ сѐ живо, со посебна сексуална желба за македонската поп икона Каролина Гочева, а сето тоа смислено и режирано на фејсбук профилот на првиот човек на клубот Миленко Неделковски.

Во негов стил, да се ку*чи и кога е во право и кога не е, откако јавноста се згрози од чинот на недолично пеење во Струга, се обиде да протне извинување со уште поскандалозен чин, вметнувајќи и друга жена од светот на политиката.

На фејсбук, нели, проаѓа сѐ, а најмногу од сѐ се фаќа сеир, што е првата и основна цел на првиот вардарец, па денеска, повторно на својот сопствен фејсбук профил објави документи со кои тргна во директна „војна“ со Фудбалската федерација на Македонија. Токму од каде што добиваше ветар во грб кога бродот на Вардар подзастана, па дури и почна да се враќа назад, и пловеше со скинати едра…да речеме, на гости кај Арсими.

Суштината на проблемот не е во тоа кој ќе добие симпатии на социјалните мрежи, туку дали раководството на Вардар е свесно што значи отворен конфликт со институцијата што го организира и регулира целиот фудбалски систем. А токму Вардар, како најтрофеен и највлијателен клуб во државата, би требало најдобро да ја разбира таа тежина. И да не ја злоупотребува до крајни можни граници.

Интересно е што во изминатата година од повеќе страни често се слушаа обвинувања дека ФФМ има многу поинаков, попустлив, однос кон Вардар. Дека за „црвено-црните“ важат поинакви критериуми и дека клубот добива повеќе разбирање отколку останатите. Денес, пак, од ситуацијата се добива целосно спротивна слика – токму клубот кој најчесто беше споменуван како „привилегиран“, сега се претставува како – жртва. Скандалот не се случил на зелениот тревник во Струга, туку во некој од рестораните. А јасно е дека целата „сексуално-навивачка претстава“ ја сними и ја „запали“ јавноста до максимум токму Миленко Неделковски. Видеото дојде од неговиот профил, како и секој курч оваа сезона.

Можеа вардарци и да си пејат за себе – и никому ништо.

И сега е веќе јасно, дека тој газдата на Вардар, незнајниот што го има видено само Миленко, треба да каже доста е – да му ја одземе пурата и да му ја набие…во шеширот! Колку да види дека има и со поголем…напон!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови