Жоао Феликс е многу блиску до враќање во својот поранешен клуб, Бенфика. Според информациите на португалскиот весник „Рекорд“, Челси прифатил да продаде 50% од правата за напаѓачот за сума од 25 милиони евра.
Се очекува трансферот да биде официјализиран најдоцна до петок, по што Феликс би можел да настапи во пријателскиот натпревар против тимот на Жозе Мурињо, Фенербахче.
Играчот веќе дал согласност за камбек во Лисабон, а претходно беше објавено дека постигнал принципиелен договор со Бенфика – остануваат само финалните детали меѓу двата клуба за финансиските услови на зделката.
Во втората половина од минатата сезона, Феликс настапуваше како позајмен играч во Милан, но „росонерите“ решија да не ја активираат опцијата за траен трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













