Брегалница го запиша првото реми на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток, во натпревар во кој „сините“ лесно можеа да стигнат и до посакуваните три бода. Сепак, на крајот се спасуваше и бод како опомена за продолжението од првенството…
„Имавме активна доминација на теренот на дуелот против Саса меѓутоа едноставно затаи и реализацијата. Но, и противничкиот голман беше на висина на задачата. Во секој случај треба да се извлечат и одредени поуки од оваа средба како опомена за следните натпревари. Продолжуваме понатаму, сега со уште понагласена желба пред дербито за зачувување на врвот од табелата“ – вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски.
Брегалница во четврток (19. септември) на Градскиот стадион во Штип во вечерниот термин од 19 часот, во рамките на 5. коло од Втората лига – Исток, ја очекува дерби пресметката со најголемиот конкурент за првото место, кавадаречки Тиквеш.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













