Во таборот на Брегалница огромна е желбата за продолжување на извонредниот старт на сезоната. Во 4. коло од Втората лига – Исток, в недела (15. септември) „сините“ гостуваат на Саса во Македонска Каменица носени од императивот за нови три бода.
„Добро е познато дека наша цел е на секој натпревар да одиме на победа. Така ќе биде и на неделниот натпревар против Саса во Македонска Каменица. Знаеме дека домаќините играат цврсто пред својата публика, а знаеме и дека секој противник е дополнително мотивиран кога игра против Брегалница“ – вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски, притоа дополнувајќи:
„Саса е екипа составена од искусни, но и млади перспективни фудбалери, предводени од искусниот стратег Мите Митев. Верувам дека се добро подготвени носени од желбата да дојдат до позитивен резултат против нас, но ние сакаме да ја продолжиме низата на победи и од ова гостување да се вратиме со трите бода“.
Струмичанецот Ристе Сејменов ќе биде главен делител на правдата на натпреварот, а ќе му помагаат Методи Јорданов и Јордан Ѓоргиев од Кочани. Четврти судија ќе биде Спире Арсов, исто така од Кочани. Делегат на натпреварот ќе биде Ацо Алексоски од село Долнени, а контролор Бурхамедин Салихи од Куманово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













