Connect with us

Илчо Ѓорѓиоски нов тренер на Брегалница

Поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Македонија и тренер на Вардар и на Македонија ЃП, Илчо Ѓорѓиоски, е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот прволигаш Брегалница.


По разделбата со Марјан Секуловски, раководството на штипските „сини“ се одлучи да го ангажира Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб.

„Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина“, истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски.

Илчо Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има три шампионски титули во македонското првенство, со Македонија ЃП и со Вардар, а успешно ја предводеше и Фудбалската Федерација на Македонија.

„Без сомнение, Брегалница добива шампионски шмек со ангажманот на Ѓорѓиоски. Трофеите во македонскиот фудбал, но и фактот дека ја препороди Фудбалската Федерација на Македонија во нејзините најтешки години, доволно зборува за тоа какво име доаѓа на чело на тимот на Брегалница“, вели спортскиот директор на „сините“, Никола Тонев.

Илчо Ѓорѓиоски деновиве ќе го преземе тимот низ подготовките за стартот на вториот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови