Connect with us

Икарди пред камбек во Серија А

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е член на Галатасарај, каде што се наметнува со солидни игри, оваа сезона веќе постигна осум голови. Сепак, сè уште нема сигнали дека ќе остане во Истанбул и по завршувањето на сезоната.

Според италијанските медиуми, неговиот договор истекува и Икарди веќе бил понуден на неколку клубови од Серија А.

Со 32 години, Икарди сè уште има можност да настапува на врвно ниво уште неколку сезони, што го прави потенцијално решение за клубовите со проблеми во нападот. Најинтересни за него се Милан и Рома, кои веќе во јануари бараат засилување на позицијата напаѓач. Сепак, прашање е каков квалитет би можеле да добијат со опции како Фулкруг или Зиркзе, кои се споменуваат како најверојатни кандидати за овие тимови.

Затоа Икарди е понуден како подолгорочно решение, но не е единствена опција.

Дополнително, уште еден клуб кој би можел да го доведе Икарди е Комо, предводен од Цеск Фабрегас, кој веќе направи неколку значајни засилувања летото 2025 година. Не би било изненадување доколку го видиме аргентинскиот напаѓач токму на брегот на езерото Комо.

Икарди се прослави токму во Серија А, настапувајќи за Сампдорија, а најголем впечаток остави во Интер, каде играше седум сезони. Потоа настапуваше за ПСЖ до 2022 година, а од тогаш е во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови