Connect with us

Икарди ќе го „запали“ Истанбул: Од Галатасарај се сели во Фенербахче?

Мауро Икарди оваа сезона ја мина на позајмица во турскиот гигант Галатасарај. Аргентинецот одигра феноменално и го предводеше тимот до шампионската титула, но во следната сезона би можел да игра за големиот ривал Фенербахче, кој испрати понуда до ПСЖ.


Мауро Икарди повторно блесна како фудбалер во Турција. Заминувањето во Галатасарај беше полн погодок за него и 30-годишниот напаѓач го предводеше својот тим до шампионската титула.

Аргентинецот е под договор со ПСЖ до јуни 2024 година и наскоро ќе се врати во Париз. Таму не сметаат на него, па ќе се најде на трансфер – листата и лесно може да се случи и следната сезона да се врати во Турција.

Според турските медиуми, Икарди би можел да направи големо „предавство“ и од Галата да се пресели во редовите на омразениот ривал Фенербахче. Овој клуб веќе тргна по него и понуди 18 милиони евра за негов трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови