Јануарскиот преоден рок би можел да донесе неколку неочекувани трансфери, а како што стојат работите, најголемото изненадување го подготвува Мауро Икарди.
Икарди веќе повеќе од три години настапува во Турција, каде го носи дресот на Галатасарај, клуб кој го откупи аргентинскиот напаѓач од ПСЖ за 10 милиони евра.
Аргентинецот одлично се вклопи во тимот на Галатасарај, со кој доминира во турскиот фудбал, но во последно време поради сè почестите повреди не добиваше многу минути на теренот.
Секако, една од причините е и жестоката конкуренција во нападот, каде што му конкурира Виктор Осимен, па како што изгледа, еден од нив двајцата многу веројатно уште овој месец ќе го промени клубот.
Сè повеќе индикации упатуваат дека тоа би можел да биде токму Икарди, кој има неколку понуди на маса и подготвува големо изненадување.
Се појави информација дека Икарди би можел да ја продолжи кариерата надвор од Европа, и тоа во Бразил, бидејќи силен интерес за него покажува Атлетико Минеиро.
Атлетико Минеиро сака да го засили тимот пред новата сезона, а Икарди е прв на нивната листа на желби. Бразилскиот клуб е подготвен да му понуди огромна плата на Аргентинецот за да ја прифати понудата.
Покрај Атлетико Минеиро, 32-годишниот напаѓач се поврзува и со Овиедо, но Икарди е поблиску до одлука да замине во Бразил отколку во Шпанија, бидејќи не сака остатокот од сезоната да го помине во борба за опстанок во Ла Лига.
Икарди со Галатасарај има договор до крајот на оваа сезона, а неговиот трансфер би требало да изнесува околу пет милиони евра.
Во Галатасарај се подготвени да го пуштат Икарди, свесни дека тој не е целосно задоволен од минутите што ги добива, и не сакаат да му прават проблеми доколку изрази желба да го напушти клубот оваа зима.
Во досегашниот дел од сезоната, Икарди забележа 23 настапи, постигна девет голови и уште еднаш покажа дека сè уште е врвен голгетер.
Покрај Галатасарај и ПСЖ, во својата кариера настапуваше и за Сампдорија и Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













