Connect with us

Икарди доаѓа на позајмица на „Камп Ноу“?

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди би можел да пристигне во Барселона на позајмица до крајот на сезоната. ПСЖ сака да се ослободи од него, а на Барселона и треба напаѓач.


Каталонците го чекаат расплетот на ситуацијата со Алваро Мората од Јувентус, а во случај на неуспех во таа зделка би се насочиле кон Икарди.


Тренерот Чави Хернандез сака нов напаѓач, смета дека Лук де Јонг не е доволно оружје за да биде искажан офанзивниот потенцијал на тимот, а Мемфис Депај се споменува и во комбинациите за преселба во редовите на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови