Челси донесе дополнително искуство во својот напад. Лондонскиот клуб официјално го потврди ангажманот на Дени Велбек, кој пристигнува од Брајтон и потпиша договор со „сините“ до 2028 година.
Искусниот англиски напаѓач зад себе има долгогодишна кариера во Премиер-лигата, каде одигра повеќе од 400 натпревари. Во текот на кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Арсенал, Вотфорд и Брајтон, а за репрезентацијата на Англија собра 42 настапи и постигна 16 голови.
„Кога ќе добиете интерес од Челси, тоа е огромно признание. Ова е клуб со големи амбиции, кој секоја сезона се бори за трофеи. Со нетрпение очекувам да помогнам тимот да оствари нови успеси“, изјави Велбек по официјализирањето на трансферот.
Иако е во поодмината фаза од кариерата, 35-годишниот напаѓач во последните сезони покажа дека сè уште може да биде сериозен фактор. Во изминатите две сезони постигна 26 голови во Премиер-лигата, а на „Стемфорд бриџ“ пристигнува како дел од проектот на Чаби Алонсо.
Новиот тренер на Челси во Велбек гледа фудбалер кој со своето искуство, физичката подготвеност и познавањето на англискиот фудбал може да донесе дополнителна ширина и квалитет во нападот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













