Шкендија влегува во денешниот дуел со јасна императив за триумф. По серијата од два меча без победа, тетовските „црвено-црни“ го пречекуваат Башкими во Гостивар, каде што за првпат сезонава ќе настапат како домаќини по четирите средби одиграни под рефлектори на терените на ФФМ. По киксот против Тиквеш i ремито со Арсими, лидерот на табелата бара итна реакција за враќање на победничкиот ритам.
„Да бидеме реални, по поразот од Тиквеш мислевме дека се работи за лош ден, но кога истото ни се повтори и со Арсими, сфативме дека сме во мини-криза. Го почитуваме Башкими, ги видовме нивните 3-3 против Вардар, но ако влеземе во мечот со вистинскиот пристап и на нашето препознатливо ниво, победата не треба да дојде под знак прашалник“, порача капитенот Бесарт Ибраими.
Левиот бек Бојан Димоски го пропушта дуелот поради повреда на зглобот. Дефанзивниот играч за врска Дрилон Ислами одново му е на располагање на стручниот штаб по завршената суспензија за црвениот картон против Тиквеш.
Натпреварот Шкендија – Башкими се игра денес во 16:00 часот на стадионот во Гостивар, а правдата на теренот ќе ја дели главниот арбитар Фатмир Бафто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













