Многу внимание привлече специјалното издание на емисијата „Неуспехот на шампионот“ што ја води Славен Билиќ, а причината беше гостин кој дојде во студиото – легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Со големо внимание се очекуваше овој специјал, а во првиот дел од разговорот, Ибрахимовиќ зборуваше за своето детство.
Како и сите млади спортисти, така и Ибрахимовиќ како дете, а подоцна и како тинејџер, имал свои идоли.
Познато е дека Ибрахимовиќ претходно признал дека Бразилецот Роналдо му бил фудбалски идол, а сега откри уште еден голем спортски пример.
Тој зборуваше и за самиот Роналдо и зошто токму тој:
„Го гледав на ТВ Мухамед Али, тогаш телевизорите не беа во боја, беа црно-бели. Гледав како зборува, не беше арогантен и како дете веднаш се заинтересирав кој е тој“, рече Ибрахимовиќ.
„Реков, сакам да бидам како него, ама во фудбалот. Почнав да гледам фудбал и тогаш го видов Бразилецот Роналдо.“
Потоа, во еден здив зборуваше за Роналдо:
„Кога ќе видиш таков играч, почнуваш да правиш сè како тој, тој е најдобриот играч на светот на сите времиња“, истакна Ибрахимовиќ.
„Има големи играчи, но за мене Роналдо беше најдобриот на сите времиња“, јасен беше поранешниот фудбалски ас.
Тој откри и како ги следел натпреварите на Роналдо:
„Тогаш немаше социјални мрежи, одев во библиотека за да барам снимки од Роналдо. Криев се за да ги гледам неговите дриблинзи и трикови“, истакнува Ибрахимовиќ и додава:
„На крајот некако го изградив својот стил преку Али и Роналдо.“
Ибрахимовиќ се потсети и на своите први чекори во Малме, првите тренинзи и натпревари.
Златан Ибрахимовиќ во 2001 година од Малме замина во Ајакс, по што започна голема кариера.
Веќе во 2004 година го менува дресот на Ајакс за дресот на Јувентус, а потоа играше и за Интер, Барселона, Милан, потоа ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА галакси.
Фудбалската кариера ја заврши во 2023 година во дресот на Милан на 41 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













