Connect with us

Ибрахимовиќ во свој елемент, им пушти песна од Лепа Брена на Тиери Анри и новинарите во студиото (ВИДЕО)

Швеѓанецот со босанско-хрватски корени Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со своето поинакво појавување во ТВ студио за време на Светското првенство, каде што работи како аналитичар заедно со Тиери Анри.

Познат по својата харизма и чести изливи на хумор, Ибрахимовиќ овојпат одлучи да внесе балкански дух во студиото на американскиот „Fox“, каде што двајцата поранешни асови се дел од ТВ-покривањето на Мундијалот.

По претходните моменти кога заедно со колегите ја пееја песната „I am from Bosnia, take me to America“ во пресрет на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, следеше нова сцена која стана вирална.

Ибрахимовиќ пушти познат народен хит „Луда за тебе“ од Лепа Брена, по што започна да плеска во ритам, обидувајќи се да му објасни на Анри што претставува песната и зошто е толку популарна на Балканот.

Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи, повторно потврдувајќи дека Ибрахимовиќ, покрај фудбалската кариера, е и мајстор за шоу надвор од теренот.


Со кариера исполнета со трофеи, индивидуални признанија и историски успеси, секој следен чекор на Модриќ ќе биде внимателно следен од фудбалската јавност ширум светот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови