Златан Ибрахимовиќ со Милан ја освои титулата шампион на Италија, прва за славниот клуб по 11 години. 40-годишниот Швеѓанец дојде на прославата со пура и шампањ, а потоа проговори за продолжување на кариерата.
„Доколку се чувствувам добро физички, ќе продолжам да играм. Кога сум на теренот, правам разлика“, изјави напаѓачот кој оваа сезона постигна осум гола за 1167 минути.
Тој му го посвети трофејот на Мино Раиола, неговиот агент кој неодамна почина.
„Ова е за Раиола. Сакаше да ме гледа во Милан, ми рече дека можам да го спасам клубот и да го вратам на највисоко ниво. Што би ме советувал да направам? Играј уште 10 години и земај пари колку е можно“, рече Ибра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski