Connect with us

Ибрахимовиќ опериран, ќе паузира осум месеци

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ ќе биде надвор од теренот во следните осум месеци, објави новиот шампион на Италија, Милан, на официјалната веб-страница. 40-годишниот шведски напаѓач денеска беше подложен на операција на левото колено во болница во Лион.


„Росонерите“ соопштија дека се работи за артроскопија која била планирана подолго време. Операцијата била неопходна за реконструкција на предните вкрстени лигаменти и поради проблем со менискусот и била целосно успешна, објаснуваат од Милано.

Шведскиот ветеран поради повреди пропушти голем број натпревари во штотуку завршената сезона 2012/22. Се уште не е јасно дали фудбалерот ќе ја продолжи кариерата.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на 30 јуни оваа година.

Во сезоната 2021/22, Ибрахимовиќ постигна осум гола и имаше три асистенции на 23 натпревари во Серија А. Во Лигата на шампионите одигра четири натпревари, на кои не постигна гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови