Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ призна дека имал само еден идол во животот и за него тој е најдобриот напаѓач на сите времиња. Бразилецот Роналдо е најголемиот фудбалски феномен, ако се прашува Ибракадабра. Тој вели дека неговиот фудбалски талент бил далеку поголем од денешните ѕвезди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„За мене, само еден е феномен. Најдобриот е Роналдо. Вистинскиот Роналдо. Сите што го гледаа, сакаа да бидат како него. Движењата, потезите, шутевите, начинот на игра…Тоа беше едноставно феноменално. Роналдо е најголемиот за мене. Ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. За мене Бразилецот Роналдо е најдобриот во историјата, дефинитивно. Ако го одминеа повредите, тој ќе беше едноставно несопирлив“, изјави Златан Ибрахимовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













