Златан Ибрахимовиќ ќе паузира два месеци поради повредата која го оддалечи и од Европското првенство. Додека тој закрепнува, „росонерите“ веќе започнаа да бараат нов напаѓач кој би ги засилил редовите на италијанскиот гигант.
Паоло Малдини цели на две имиња. Првиот е Душан Влаховиќ, репрезентативец на Србија и член на Фиорентина, а вториот е Андреа Белоти, капитенот на Торино.
Првиот пик на Милан е Душан Влаховиќ. Тој е голема желба на челниците на клубот од „Сан Сиро“. Сепак, Фиорентина бара дури 60 милиони евра, што според „Тутоспорт“ е нереално да се исполни. Рома понуди 18 милиони за Белоти, а тука Милан ја гледа својата шанса. Торино ја одби понудата на „волчицата“, а Милан е подготвен да даде подобра понуда за ангажман на италијанскиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













