По поразот на Шведска на домашен терен од Србија со 0-3, навивачите останаа на трибините на „Френдс арената“ за да оддадат почит на славната кариера на Златан Ибрахимовиќ, кој се повлече од фудбалот на крајот од сезоната 2022/23.
Легендарниот поранешен напаѓач го зеде микрофонот и, како и неговиот проштален говор пред една година во ова време на „Сан Сиро“, зборуваше пред публиката. 42-годишниот, сега поранешен фудбалер, е најдобар стрелец на сите времиња во Шведска со 62 гола во 122 настапи за националниот тим.
„Да го облечам дресот на шведската репрезентација како фудбалер е најдоброто нешто во мојот живот. Носете го со гордост и љубов. Ја имав честа да бидам капитен на тимот. Од првиот ден добив љубов и поддршка, енергија, одлични спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Ви благодарам многу од сѐ срце. На помладата генерација сакам да им порачам… Размслувајте за големи работи. Ако немате сила да сонувате големи нешта, потпрете се на моето патување и извлечете сила од него. Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно без разлика од каде доаѓате. Пред 25 години реков дека ќе бидам најдобар. Многу луѓе ми се смееја. 25 години подоцна можам да бидам тука и да кажам дека сум најдобар досега. Се надевам дека уживавте во мојата авантура“, изјави Ибрахимовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













