Connect with us

И Шкупи кажа збогум на Европа: Санта Клара е класа или две – погоре (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Шкупи се збогува со европската сцена со нов пораз од Санта Клара. На гостувањето на Азорскиот архипелаг, тимот од Чаир загуби со 2-0 и со вкупни 5-0 доживеа елиминација од поквалитетниот ривал од Португалија.

Карлос Карвалјо во 13.минута донесе водство за Санта Клара и на реваншот. Вториот погодок беше дело на Микел Вилануева во 39.минута.

Во отворен натпревар, и Шкупи имаше свои шанси, но не успеа да ги искористи. Се заканија Марко Ѓорѓиевски, Фатих Исмаили, а најголемата шанса ја имаше Матеј Цветаноски. Сепак, Шкупи остана без погодок во двомечот со Санта Клара.

Advertisement

Facebook

Тимови