Connect with us

И Демир Имери потпиша за Енозис (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Демир Имери ја продолжува кариерата во Кипар, откако стана нов член на Енозис, каде што веќе настапува и Марко Симоновски. Тимот го предводи од Бојан Маркоски, кој се нафати на интернационален предизвик во клубот каде некогаш и сам настапуваше како играч.

Имери е добро познат како брз и продорен крилен играч, а фудбалската јавност го памети и по фактот што беше најмладиот дебитант во историјата на ПМФЛ. Потоа следуваше и неговиот настап во младинските репрезентации на Македонија.

Во досегашната кариера има настапувано и надвор од земјата, но и во домашното првенство, каде што последен клуб му беше Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови