Менаџерот Фабиан Хурцелер изјави дека Брајтон е способен да го изненади лидерот во Премиер-лигата, Арсенал, и покрај тоа што моментно е во најлошата форма сезонава.
Гостите патуваат кон стадионот „Емирати“ в сабота без победа во последните четири натпревари, и со освоени бодови само при домашните ремија против Вест Хем и Сандерленд.
На прашањето дали Брајтон треба да го промени својот пристап, Хурцелер одговори:
„Прашањето е зошто да менуваме? Знаеме каде е проблемот – недостиг на конзистентност. Треба да играме добро во текот на сите 90 минути. Покажавме дека сме способни за големи работи, а најважно е да ги искористиме малите можности против Арсенал. Треба да се бориме цело време, но не можеме да одиме само со намера да се браниме. Потребно е да играме храбро и да го покажеме нашиот стил на теренот. Знаеме дека можеме да победиме секој тим во лигата, и иако ќе биде голем предизвик, одиме таму за да победиме.“
Резултатите на Брајтон против Арсенал се сигурна причина за оптимизам, бидејќи победиле трипати и ремизирале двапати во претходните седум натпревари на „Емирати“ во Премиер-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)













