Сагата околу иднината на Хулијан Алварез продолжува да се разгорува, откако аргентинскиот репрезентативец наводно е бесен на раководството на Атлетико Мадрид поради тоа што јавно соопшти дека тој не е на продажба, иако претходно му било ветено дека нема да му прават проблеми доколку реши да си замине.
Пред неколку дена челниците на Атлетико јасно порачаа дека Алварез не е на продажба и дека во никој случај нема да го продадат на директен ривал како Барселона.
Целата приказна започна непосредно пред Светското првенство, кога Алварез јавно призна дека сака да го напушти мадридскиот клуб. Таквата изјава воопшто не им се допаднала на челниците на Атлетико, кои сметаат дека Барселона врши притисок врз фудбалерот за да го изнуди трансферот.
Она што најмногу го налутило аргентинскиот напаѓач е ветувањето што го добил на почетокот на годинава. Тогаш, според наводите, раководството му гарантирало дека нема да му стои на патот доколку одлучи да побара нов предизвик.
Сепак, ситуацијата целосно се променила кога Барселона официјално се вклучила во трката за неговиот потпис.
Алварез е незадоволен што Атлетико не го почитува договореното, а дополнително му пречи што клубот јавно зборува за неговиот статус и вината се обидува да ја префрли врз него и врз Барселона.
Според информациите на „ЕСПН“, Аргентинецот веќе им испратил јасна порака на челниците на клубот и им се заканил дека нема да тренира со екипата доколку не го исполнат ветувањето.
„Слушајте… Ако продолжи оваа непотребна драма и не го исполните тоа што ми го ветивте, нема да тренирам со тимот кога ќе се вратам во Мадрид“, наводно им порачал Алварез на челниците на Атлетико.
Аргентинецот е подготвен да оди до крај, дури и по цена да не тренира со екипата или цела сезона да ја мине надвор од составот, бидејќи смета дека токму тој е оштетен во целата ситуација.
Во Атлетико не очекувале дека Алварез ќе заземе толку цврст став, а се очекува конечната разврска да биде позната по завршувањето на Светското првенство.
Во меѓувреме, Барселона внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена веднаш да реагира доколку се отвори можност за трансфер на аргентинскиот напаѓач.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













