Connect with us

Хулијан Алварез лично ќе побара дозвола од Атлетико за трансфер во Барселона

Хулијан Алварез би можел да биде главниот лик на една од најголемите трансферни саги ова лето. Според аргентинскиот „ЕСПН“, напаѓачот е подготвен да побара заминување од Атлетико Мадрид, а неговата следна дестинација треба да биде Барселона.

Наводно, аргентинскиот репрезентативец наскоро ќе го информира тренерот Диего Симеоне и клупското раководство дека сака да ја промени средината. Желбата на Алварез е јасна – кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.

Барселона подолго време ја следи ситуацијата околу поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, а тренерот Ханси Флик во него гледа идеален наследник на Роберт Левандовски.

Според истите извори, спортскиот директор Деко веќе одржал важни разговори со агентот на Хулијан Алварез, а каталонскиот клуб е решен да ги искористи сите можности за да го реализира трансферот пред крајот на преодниот рок.

Евентуалното заминување на Алварез би било сериозен удар за Атлетико Мадрид, бидејќи Аргентинецот е еден од клучните играчи во тимот и е миленик на Диего Симеоне.

Сепак, Барселона нема да има лесна задача. Алварез има договор со Атлетико до летото 2030 година, што значи дека мадридскиот клуб не е под никаков притисок да го продаде. Раководството верува дека располага со силна преговарачка позиција и нема намера лесно да се откаже од својот голгетер.

И покрај тоа, желбата на самиот фудбалер би можела да одигра клучна улога. Според аргентинските медиуми, Алварез лично ќе му соопшти на Симеоне дека сака нов предизвик, а информацијата веќе им била позната и на дел од неговите соиграчи.

Доколку Барселона успее да најде заеднички јазик со Атлетико, трансферот на светскиот шампион би можел да биде една од најголемите зделки на летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови