Група навивачи на фудбалскиот клуб Сараево влетале на утринскиот тренинг на тимот и ги нападнале фудбалерите, незадоволни од резултатите во изминатиот период, информираат босанските медиуми. Не бил поштеден ниту капитенот Крсте Велкоски, кој се наоѓа на списокот на селекторот Игор Ангеловски за настап со репрезентацијата на Македонија на ЕВРО.
Упадот се случува два дена пред финалниот меч од Купот на БиХ меѓу Сараево и Борац, а тоа дополнително ја разниша атмосферата во составот по загубената шампионска титула. Само петмина фудбалери не добиле критики, Матијас Фанимо, голманот Владан Ковачевиќ, дефанзивците Амер Дуповац и Хрвоје Милишевиќ и Андреј Ѓокановиќ.
Наводно, некои фудбалери се загрижени за сопствената безбедност и дури размислуваат да не играат против Борац в среда. Сараево остана без титулата шампион во БиХ откако испушти дури 13 поени предност.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski