Поранешниот стратег на Реал Мадрид, Севилја, Вулверхемптон и Вест Хем, Хулен Лопетеги, се враќа на селекторската сцена, овојпат како предводник на фудбалската репрезентација на Катар.
Шпанецот, кој ја водеше „црвената фурија“ од 2016 до 2018 година, потпиша договор со Катарската фудбалска федерација до 2027 година. Главна цел е пласман на Светското првенство во 2026 година, што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Лопетеги ќе го наследи својот сонародник Луис Гарсија, откако Катарците не се наоѓаат во завидна позиција во квалификациите. Иако им преостануваат уште две рунди, тимот заостанува зад фаворитите Иран и Узбекистан и најверојатно ќе мора да се пробива преку дополнителна рунда.
Лопетеги до неодамна беше кандидат за селектор на Белгија, но „црвените ѓаволи“ на крајот се решија за Руди Гарсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













