Connect with us

Хрватите само до бод во дуелот со Чешка (ВИДЕО)

Хрватска има само еден бод по првите две кола во групата Д откако на „Хемпден парк“ во Глазгов ремизираше против Чешка со 1-1. „Коцкестите“ во последното трето коло ќе мора да изборат пласман во нокаут фазата од Европското првенство, на дуелот против Шкотска.

Чешка поведе со голот од пенал на Патрик Шик во 37.минута откако претходно се прегледуваше ВАР – снимката. За чешкиот напаѓач тоа е трет гол на ЕВРО.

Хрватите успеаја да израмнат со погодокот на Иван Перишиќ во 47.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови