Директорот на младинските репрезентации и поранешен македонски репрезентативец Гоце Христов се осврна на состојбата во младинскиот фудбал и потенцијалот на новите генерации кои во иднина треба да го надополнат сениорскиот национален тим.
Христов истакна дека уште при доаѓањето на функцијата бил свесен за предизвиците што го очекуваат и дека моменталната состојба е резултат на долгогодишниот начин на работа во младинските категории.
„Не бев изненаден од ситуацијата што ја затекнав, бидејќи добро знаев што нè очекува. Откако дојдовме, презедовме неколку конкретни чекори, меѓу кои и формирањето на репрезентацијата до 20 години, а веќе можат да се забележат и првите позитивни ефекти од тие промени“, изјави Христов.
Тој нагласи дека актуелната селекција до 21 година е производ на процес кој трае со години и дека не може преку ноќ да се очекуваат големи резултати.
„Реалноста е таква каква што е и не треба да се залажуваме. Денешната генерација на репрезентативци до 21 година е одраз на работата што се вршела во последната деценија. Токму затоа решивме да направиме реорганизација на најмладите категории. Репрезентацијата до 15 години не е укината, туку е поставена на поинаков начин со цел младите фудбалери да имаат повеќе натпревари и подобри услови за развој“, додаде директорот на младинските селекции.
Во ФФМ веруваат дека ваквите промени ќе придонесат за создавање поквалитетни генерации кои во иднина ќе бидат подготвени да одговорат на барањата на сениорската репрезентација.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













