Connect with us

Холанѓаните извлекоа победа против Украинците (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Холандија ја оствари првата победа на Европското првенство совладувајќи ја Украина со 3-2 во вториот меч од групата Ц. Интересен меч се одигра на „Јохан Кројф арена“, немаше ниту еден гол во првото полувреме, а потоа дури пет во вториот дел.

Џорџинио Вајналдум во 52.минута донесе водство за селекцијата на Франк де Бур, а Ваут Вегорст седум минути подоцна зголеми на 2-0.

Андриј Јармоленко со прекрасен гол од далечина во 75.минута ја врати Украина во живот, а четири минути подоцна Роман Јаремчук израмни на 2-2.

Сепак, Холанѓаните успеаја да стигнат до триумф во финишот. Дензел Дамфрис во 85.минута донесе голема победа за Холандија.

Украина во следното коло на 17 јуни ќе игра со Македонија, а Холанѓаните ќе се пресметаат со Австрија.

Advertisement

Facebook

Тимови